Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе реализираат концерт во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица. Концертот ќе се реализира на 22 јуни (вторник) во 19 часот.
Концертот е со наслов „Јубилеи“ и на програмата се дела на композитори кои оваа година чествуваат јубилеи како италијанскиот композитор Томасо Албињони, Камиј Сен Санс, и Астор Пјацола. Камерниот состав прави пресек на најпознатите дела од овие автори како Адаго од Албињони, Данс Макабре, Лебед од Сен Санс и најпознатите дела од Пјацола како Либеранго , Најт клуб 1960 и други. Сите композиции се во аранжман за камерен состав од Пламенка Трајковска.
Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Камерните состави на Пламенка Трајковска активно работат на доближувањето на класичната музика кај најшироката публика и имаат настапувано на сите сцени во Македонија. Тие креираат концерти со класична музика и концерти кои се во модерно класичен стил. Неодамна реализираа концерт во НУ Центар за култура – Крива Паланка со извонреден успех како гудачко трио и со програма во модерно класичен стил.
Последните години интензивно работат на доближувањето на класичната музика до децата и креираат различни концерти за деца како концертите Музика и цртан филм, Што е тоа … гудачки квартет, Моцартисимо и Музика и танц.
Концертот се реализира со помош на Министерството за култура и НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.
