Културо

Под светлината на валцерот — Мултимедијална вечер со Пламенка Трајковска

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска на 5-ти ноември во Културно-информативниот центар – Скопје ќе направи уникатен спој на класична музика и нем филм во чест на „кралот на валцерот”.

Уникатниот, мултимедијален концерт, насловен како „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм „Веселата војна'” претставува редок спој со кој гудачкиот квартет ќе ја изведува музиката на Јохан Штраус во живо, додека на платното ќе се проектира нем филм  на режисерот Роберт Вине. Филмот, инспириран од виенската култура, нуди визуелно и музичко патување низ духот на европската култура од крајот на 19 век.

Публиката ќе има можност да доживее едно несекојдневно уметничко искуство во кое валцерот, некогашниот белег на европската култура, повторно ќе заживее преку звук, слика и емоција.

Концертот е замислен како омаж на двојното наследство на Штраус – како симбол на музичката елеганција и како инспирација на кинематографијата. Поводот е одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на славниот виенски композитор и 30 години камерно музичко творештво на виолинистката Пламенка Трајковска. Концертот е во рамките на фестивалот фестивалот „Есенски музички свечености”.

На концертот ќе настапи гудачкиот квартет во состав: Пламенка Трајковска – виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска – виолончело.

Со проектот „Јохан Штраус во филмот”, камерниот состав и виолинистката Пламенка Трајковска нудат ретка можност да се види и чуе музиката на „кралот на валцерот” во сосема нов контекст. Концертот ќе биде вечер на виенска елеганција, визуелна поетика и емоционална длабочина – прослава на времето кога музиката и филмот заедно ја обликувале европската културна историја.

Концертот се реализира по повод 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус и 30 години музичко творештво на виолинистката Пламенка Трајковска се реализира во рамките на  фестивалот „Есенски музички свечености” и е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Можеби ќе ве интересира: