На 4-ти декември, со почеток во 20.00 часот во Македонската опера и балет ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021.
Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.
Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија). Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
