Вечерва на сцента од големата сала при Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворено 59. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Свеченото отворање е во 20 часот, а фестивалот ќе го отвори претсавата „12“ во продукција на Националната установа „Театар Комедија“-Скопје. Во претсатавата улогите ги толкуваат актерите: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев и Тања Ивановска. Претствата „12“ е во официјалната селекција на фестивалот.
Инаку, пред изведбата на претставата на актерите Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодороски и Соња Михајлова ќе им бидат врачени наградите за животно дело.
МТФ„Војдан Чернодрински“ ќе трае до 13 јуни (петок),а Прилеп до тогаш ќе биде централното место во Македонија за најголемите театарски случувања.
Влезниците за претставите се пуштени во продажба од 2 јуни и истите може да се набават на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, а нејзиното работно време е од 10 до 14 часот и од 17 до 22 часот, а влезници може да се набават и онлајн. Публиката дополнителни информации може да побара на веб-страницата на фестивалот www.mtf.com.mk.
Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески
