Во прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ синоќа беше одиграна театарската комедија „Луда Куќа“. Претставата ја играа актерите-аматери кои се членови на Драмската Секција „Слободно Театарче’’ која работи во склоп на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Билјана Тинтоска, ментор на драмската секција и професор по македонски јазик и литература во училиштето вели дека претставата ја подготвувале скоро два месеци, а со театарската комедија ја пренесуваат пораката за тоа какво треба да биде општеството и какви треба да бидат луѓето кои не опкружуваат.
„Претставата „Луда Куќа“ ја подготвувавме од крајот на првото полугодие, а за време на зимскиот распуст направивме кратка пауза, и кога започнавме со работа во второто полугодие претставата интензивно ја подготвувавме. Генерално нашето народно фолклорно творештво е база за народната мудрост и менталитет, култура, традиција и обичаи, а во драмата фокусот е ставен на мрзата, појава која што и денеска е мошне актуелна. Со претставата ја прнесуваме пораката за тоа како треба да биде општеството и какви треба да бидат луѓето кои не опкружуваат“, вели Тинтоска.

Тинтоска додава и дека Драмската Секција „Слободно Театарче“ која работи во склоп на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп била основана од нејзина страна пред 25 години.
„Малдите сакаат да гледаат театарски претстави. Драмската Секција „Слободно Театарче“ кое работи во склоп на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп јас ја основав пред точно 25 години, значи годинава таа одбележува 25 години од постоењето“, додава Тинтоска.

Филип Стојаноски, координатор на Драмската Секција „Слободно Театарче“ вели дека претставата е лесен хумор и покажува хаотично семејство кое има непоканети гости, случај кои се случува кај 90% од македонските семејства. Според Стојаноски, претставата е производ на сите учесници во истата.
„Претставата е лесен хумор, кои покажува едно хаотично семејство кое што има непоканети гости, случај кои се случува кај 90% од македонските семејства. На лицата од публиката треба да намамиме смеа, а истата не треба да биде многу тешка и да нема многу размислување, туку да се ужива во времетраењето на гледањето на претставата. Целата преставата е производ на сите учесници во истата“-вели Стојански.

Михаил Јордансоки, член и претседател на Драмсаката Секција „Слободно Театарче“ вели дека во претставата ја игра улогата на татко, и додава дека младите сакаат да гледаат евтини комедии.
„Во претставата „Луда Куќа“ ја играм улогата на татко кој се враќа од работа и се обидува да ги доведе работите во семсјтвото во ред. Младите сакаат да гледаат евтини комедии, а од публиката имамвме огромно барање да направиве театарска комедија“-вели Јорданоски
Имено, најновата претстава на Дрмската Секција „Слободно Театарче“ е по текст и режија на Филип Стојаноски, а под менторство на професорката по македонски јазик и литература во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Билјана Тинтоска.
Во преставата играат актерите – аматери и членови на Драмската Секција „Слободно Театарче“, Михаил Јорданоски, Михаил Тркалески, Христина Кулеска, Матеа Стојчевска, Марко Костадиноски, Тоше Тодороски, Марија Јовеска, Христина Кулеска, Теодора Димовска, Санџана Мефаилоска, Елена Илиоска, Марија Котева, Филип Стојаноски и Калина Гаралоска која што беше гостин актер – аматер од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

Техничката поддршка за театарската комедија „Луда Куќа“ беа на Вилијам Спиркоски и Сара Павлоска. Инаку, салата во прилеспкиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп беше претесна да ги собере љубителите на театарот, а смеата кај театарската публика беше неизбежна.
Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
