На 24.07.2023, понеделник, со почеток од 20 часот во фоајето на ЦК ”Марко Цепенков” концерт ќе одржи “Trio Dolce”. Тие претставуваат музички состав кој активно и успешно концертира на домашната и меѓународната музичка сцена. Формиран е во 2016-та година од академски, професионални музичари. Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.
Овој музички состав, во 2021 год. освои неколку меѓународни награди и тоа:
- Прва награда – „Laureate“ златен медал, на меѓународниот уметнички фестивал во Италија – „Future Stars“ на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика.
- Втора награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави, на еден од најпрестижните Меѓународни музички натпревари во Москва, Русија – International Moscow Music Competition / Second prize winners.
- Прва награда „Laureate“ на International Online Contest INTERNATIONAL ONLINE CONTEST “Prometheus” – Болоња, Италија.

Музичкиот состав “Trio Dolce”, на реномираниот музички фестивал “Muzikale Delle Nazioni – Concerti del Tempietto во Рим, Италија, минатата година одржа целовечерен концерт во Teatro di Marcello, а во септември истата година одржа целовечерен концерт во „Св.Софија“ во Охрид, во чест на Јубилејот на Митрополит Дебарско-кичевски Г-дин Тимотеј.
“Trio Dolce” го сочинуваат: Светлана Богданоска Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано.
