Културо

Вечерва во Прилеп претставата „Пар Распар“ како дел од МТФ „Војдан Чернодрински“

Вечерва со почеток од 18 часот на големата сцена од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одигра театарската претстава „Пар Распар“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје. Претсавата е во режија на Нина Николиќ, а улогите во претставата ги толкуваат актерите: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.

Имено, вечерва исто во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведена претставата „Слепци“ во изведба на НУ „Турски Театар“ – Скопје. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани, а улогите во претставата ги толкуваат актерите: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радончиќ и Един Јакуповиќ.

Утре со почеток од 20 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе бидат доделени наградите за најдобри театарски претстави и ќе биде одиграна претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје со која ќе биде затворено овогодишното 59-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: