Културо

Во четврток во Македонската филхармонија, Омаж за Саша Николовски – Ѓумар

Како што не известуваат нашите соработници и пријатели од Македонската филхармонија, овој четврток, 7-ми април со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар”, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Македонската филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.

На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци”. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.

Можеби ќе ве интересира: