Магазин

Боки13 со спектакуларно враќање – Сека Алексиќ прва гостинка во новата сезона на B-13 Podcast (Фото)

На 29-ту септември 2025 година (понеделник) со почеток во 21 часот, стартува втората сезона на најочекуваниот B-13 PODCAST, предводен од харизматичниот и непредвидлив Боки13.

За големото отворање, првата гостинка ќе биде никој друг туку музичката кралица на Балканот – Сека Алексиќ. Со нејзината енергија, харизма и долгогодишна успешна кариера, разговорот ветува да биде вистински спектакл.

Боки13, кој веќе ја освои публиката со својата искреност, смелост и уникатен стил, најавува нова сезона полна со изненадувања, ексклузиви и емотивни моменти. „Ќе гори!“ – кратко и јасно ја опиша атмосферата што ја подготвува. Ова отворање е само најава за динамична и возбудлива сезона што ќе ја следат илјадници обожаватели. Подкастот веќе стана симбол за смели разговори и искрени приказни, а со Сека Алексиќ како прва гостинка, очекувањата се на највисоко ниво.

Подгответе се за вечер исполнета со еуфорија, страст и разговор што ќе ја запали сцената – B-13 PODCAST се враќа посилен од кога било!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: