Македонската позната поп пејачка Елена Петреска – Толевска неодамна се пофали на социјалните мрежи. Имено, таа пред само неколку дена постираше фотографија со своето трудничко стомаче.
“Не било лесно на плажа со големо стомаче”, напиша таа на својот Facebook профил постирајќи ја фотографијата. Таа со својот сопруг со кој што е во брак веќе две години, заминаа на заслужен одмор во Грција и се надеваме дека одлично си поминаа. Ова всушност ќе биде нивното прво бебенце.
Подготви: Маргита Робевска
