Во прв ред

Пиволенд со шанса за младите музички бендови и артисти

Организаторите на овогодинешниот Пиволенд, задржувајќи го трендот за поддршка на македонската музика, распишуваат конкурс за млади и талентирани бендови и артисти од Македонија. Сите Вие кои што сте заинтересирани и би сакале да аплицирате на простојниот скопски Пиволенд кој што ќе се одржи од 20-ти до 24-ти август на Скопското кале, би требало да аплицирате на официјалната фејсбук фан страна на Пивиленд или пак на нивната веб страница која гласи: www.pivolend.com.mk. Аплицирањето ќе биде целосно кога со Вашата апликација ќе испратите Ваша аудио или видео снимка од Вашите музички активности и способности.

Конкурсот ќе трае 10 дена, а во жирито кое што ќе одлучува кој ќе влезе како потенцијален учесник на овогодинашниот Пиволенд ќе бидат вклучени голем број на еминентни музички имиња и музичари, чија задача е да ги избере најдобрите. Колку само за потсетување, досега директно учество на Пиволенд има бендот “Астероид Б 612″кој што победи на Џифони натпреварот за млади таленти одржан во јуни во Градскиот Парк во Скопје.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: