Магазин

24 Занимливости: Гледањето на YouTube ќе се наплатува

За да може да прегледаат некоја содржина од специјализираниот музички канал, корисниците на популарниот Google-ов видео сервис YouTube, од неделава ќе мора да платат претплата. Како што јавува Financial Times, претплатата за некои канали ќе изнесува 1,99 долари, а околу 50 канали ќе се наплаќаат. Претплатниците ќе имаат пристап до ексклузивни снимки, ТВ емисии и филмови. Плаќањето на претплатата би можело да ги отстрани и рекламите од бесплатните снимки.

YouTube ја преуреди страницата и воведе канали во декември 2011-та година, а во октомври лани воведоа партнерски канали како BBC Worldwide On Earth, ITN, Jamie Oliver Food Channel Mixmag TV, Channel 4, Film 4, Howcast и The Onion. Се уште не познато кои од овие канали ќе се наплаќаат, а од заработените пари ќе се финансираат нови ТВ и филмски канали кои ќе се прикажуваат исклучиво онлајн. Новите канали му помогнаа на YouTube да ја прошири својата публика на милијарда корисници, кои месечно прегледуваат близу шест милијарди часови снимки.

YouTube се уште официјално не ги потврдил плановите за претплата, но портпаролот на Google наведува: “Гледаме да создадеме платформа за претплата за да можеме да створиме уште подобра содржина за нашите корисници”, велат од големата глобална мрежа. Гласините за претплатата почнаа уште во јануари, кога управата на YouTube се состана со групата продуценти.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: