World Music

Џенифер Лопез нападната за време на снимање на спот

Познатата пејачка Џенифер Лопез беше итно евакуирана доцна синоќа, откако на локацијата на која снимала спот за песната “Live It Up” во местото Форт Лодердејл, се слушнале истрели на неколку куршуми. На вооружениот инцидент веднаш реагирале припадниците на службата за обебзедување кои ја префрлиле престрашената Џеј Ло на сигурно место. Набрзо по инцидентот на место приситгнала и полицијата, која за кусо време привела неколку лица.

Новинарот на магазинот “Ентертејмент Тунајт” кој на сетот правел интервју со Лопез, веднаш по инцидентот на својот профил на твитер напиша: “Вонредна вест: Пукање за време на моето интервју со Џенифер Лопез на плажата во Форт Лодердејл. Не се шегувам. Обезбедувањето ја одведе. Слушам и гледам Брза помош. Полицијата потврди дека станува збор за пукање. Никој не е погоден”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: