Магазин

Голема веселба во домот на српската пејачка Даница Црногорчевиќ (Фото)

Српската пејачка на етно музика Даница Црногорчевиќ, денеска ја прославува осумгодишнината од бракот со нејзиниот сопруг Иван Црногорчевиќ. Даница и Иван се горди родители на три деца. Даница на нејзиниот Инстаграм профил сподели фотографија од нивното венчавање, а во описот на сликата напиша само „осум“, а до него стави емотикон на срце.

Имено, Даница своевремено за српските медиуми зборуваше како е да се биде попадија.

„Јас сум една од многуте кој се оствариле на повеќе полиња, така да децата и семејството воопшто не се’ препрека, секако ако се венчате со особата која ве поддржува вас, вашата работа и вашите желби и планови. Ако ве сака секако дека ќе ве поддржува и секогаш ќе биде со вас. Јас и мојот сопруг заедно сме во ова што јас го работам, а се разбира имаме и заеднички музички проекти. Тој има голема дарба за пишување, не само песни, туку и се останато. Тој е автор и на мојата песна која доживеа голема популарност кај слушателите и генерално кај публиката, песната „Весели се српски народе“. Тоа што млада се омажив и имам три деца е моето најголемо богатство’’, вели своевремено Даница.

Инаку, Даница вели дека откако се венчале со нејзиниот сопруг живееле одделно, и се грижеле за нивните деца.

„Откако стапивме во брачна заедница, јас и мојот сопруг живееме одделно. Главно водиме грижа за нашите деца, а бабите и дедовците се тука да ни припомогнат во секое време“, додава Даница.

Подготви: Христијан Ангелски

Можеби ќе ве интересира: