Јапонскиот турист Котаро Такада, 30 години, поминал стотици километри низ Турција јавајќи на магаре.
Такада, кој претходно посетил многу земји, го започнал своето патување низ Турција во мај годинава, во областа Мерзифон во Амасија, една од северните провинции на земјата.
Тој со магаре што го купил во Мерзифон тргнал на пат од север кон запад на земјата и со него посетил разни историски и културни знаменитости. Меѓу дестинациите што ги посетил е и Кападокија, антички регион во провинцијата Невшехир во централна Турција.
За време на патувањето престојувал во хотели, но и кај турски семејства кои сакале да го угостат.
Последната дестинација на јапонскиот авантурист пред враќањето во татковината била провинцијата Измир, на западот на Турција. Таму, на локална фарма, го оставил магарето кое му било придружник во текот на патувањето.
