Дајана Армстронг, 63 години, влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолги нокти во светот. Вкупната должина на нејзините нокти е неверојатни 13 метри, што значи дека еден од нив е долг 1,3 метри.
Поради должината на ноктите, таа се откажала од многу работи во животот, како возење автомобил и излегување на кафе со другарките. Како што вели, 25 години не ги скратила ноктите, а причината поради која ги оставила да растат на неодредено време е од чувствителна природа.
„Како мала многу сакав да имам нокти, но и ќерка ми Латиша, која ми ги лакираше секој ден. За жал, таа почина во 1997 година кога имаше само 16 години. Тогаш си ветив дека никогаш повеќе нема да си ги исечам ноктите“, раскажа Дијана.

Таа откри дека нема козметичар кој може да се грижи за нејзините нокти, па затоа сама ги одржува со помош на нејзиното семејство.
„За да си ги средам ноктите понекогаш ми требаат повеќе од 5 часа. Тоа е многу напорна работа“, вели Дијана.
