Магазин

Кои беа најлошите лозинки за 2019-та година?

Во својот годишен извештај, деветти по ред, “Worst Passwords List”, компанијата SplashDаta прегледала преку пет милиони лозинки онлајн.

Компанијата ги рангираше најлошите лозинки и прикажа нивните позиции во споредба со минатата година (стрелката покажува за колку места горе или долу лозинката се поместила според употребата во однос на предходната година).

На прво место и понатаму е “123456”, а следува “123456789”. Скок од шест места остварила лозинката “qwerty” која беше многу популарна минатата година, додека во Топ 10 листата се најде и лозинката “123123”.

SplashData истакнува дека и покрај големиот број на пробиени податоци, излагање на кориснички логин и други приватни податоци онлајн и понатаму се забележува дека огромен број на луѓе користат вообичаено лоши лозинки.

Ова се 10 најлоши лозинки во 2019 година:
-123456
-123456789 (↑ 1)
-qwerty (↑ 6)
-password (↓ 2)
-1234567 (↑ 2)
-12345678 (↓ 2)
-12345 (↓ 2)
-iloveyou (↑ 2)
-111111 (↓ 3)
-123123 (↑ 7)

Можеби ќе ве интересира: