Магазин

Кој ќе јаде млад кромид, ќе седи зад решетки!

Во Јапонија, каде летните горештини оваа година ги соборија сите рекорди, еден човек реши да преземе радикален пристап кон справувањето со кризата – и заврши на суд. Причина за неговото судење? Кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од неговиот сосед и конкурент.

Оваа „кромидна драма“ се одвивала во текот на август и септември, период кога екстремните горештини ги уништија посевите на многу земјоделци. Осудениот, кој по кражбата реши да се пензионира од земјоделството, доби казна затвор од две години, условно суспендирана на три години.

Судот во Кјото пресуди дека потегот на крадецот е „злонамерен“, истакнувајќи дека климатските услови, иако сурови, не се оправдување за кражба од соседот. Штетата беше проценета на 200.000 јени (околу 1.300 долари), што значи дека секој килограм украден кромид носи прилично „солена“ цена.

Оваа случка е уште еден пример за тоа како климатските промени не само што ја тресат природата туку и ги разнишуваат моралните вредности на луѓето. Летото во Јапонија оваа година беше најжешкото досега, а дури и снежната капа на славната планина Фуџи значително доцнеше – снег падна дури во ноември, наместо традиционално во октомври.

Во свет каде жештините се зголемуваат, а земјоделските приноси се намалуваат, можеби е време да се размисли за подобри стратегии отколку „кромидна шпионажа“. Еден кромид повеќе или помалку нема да го спаси светот, но барем може да ве држи подалеку од затвор!

Можеби ќе ве интересира: