Виена во Битола не е само концерт – тоа е вистински празник за душата и момент за споделување на празничната магија со вашите најмили.
Денес, саботас 21 декември 2024 година, во големата сала на Центарот за култура Битола, ќе имате можност да уживате во неповторлива уметничка вечер која ветува исклучителна атмосфера и врвни музички изведби. А сцената ќе ја разубават:
- Битолски Камерен Оркестар „IWConnect“
- Извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска – Младенова
- Истакнати солисти на Македонската опера и балет: Марија Кичевска, Francisco Gimenez Ruiz и Мими Поп-Алексова и
- Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“, под диригентската палка на Владимир Димовски.

Оваа вечер ќе биде дополнета со многу изненадувања кои ќе ја заокружат новогодишната магија. Билетите се веќе распродадени, а љубителите на музиката ќе можат да уживаат во два концерти: првиот започнува во 19:00 часот, а вториот во 21:00 часот.
Подгответе се за вечер исполнета со духот на празничната Виена и раскошните звуци кои ќе го најават најубавиот дел од годината!
