Магазин

Прочитајте: Кој од балканските ѕвезди за новогодишната ноќ ќе заработи вистинско богатство (Фото)

Доколку некој сака да влезе во убаво друштво на големи музички ѕвезди во 2023-та година, за тоа ќе треба да потроши значителна сума на пари. Најскапата карта е за настапот на Лепа Брена и се движи од 300 до 350 евра. Цената зависи од положбата на масата во салата и вклучува елегантно место за седење, целосна вечера и неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци во текот на ноќта, оние кои се во понуда. Секој пијалок што не е вклучен во билетот ќе треба дополнително да се плати. Поскапите места се поблиску до музиката, додека поевтините се малку подалеку.

Веднаш зад неа е Аца Лукас. Билетот за неговиот настап чини од 180 до 200 евра, во зависност од положбата на масата во самата сала, која вклучува елегантно место за седење, комплетна вечера и една чаша шампањ од престижен бренд. Има и бар маси, за кои цената по лице е 100 евра и вклучува комплетна вечера, но не доаѓаат со резервација на столчиња.

Дара Бубамара – од 70 до 110 евра. Дара Бубамара за Нова година ќе пее во клуб на периферијата на Белград, а според веб-страницата, билетите за таа вечер ќе чинат од 70 до 110 евра за едно лице.

Рада Манојловиќ – од 130 до 200 евра. Рада ќе пее со колегата Амар Гиле во познат хотел во Нов Белград, во кој се сместени околу 550 луѓе. Цената на билетите се движи од 130 до 200 евра.

Дарко Лазиќ и Андреана Чекиќ – од 150 до 210 евра. Она што ќе ја направи новогодишната ноќ со Дарко и Андреана поинаква од другите е тоа што по вечерата (околу два часот по полноќ) на гостите ќе им биде послужен куќниот специјалитет – бурек со сирење и бурек со месо. Цените на билетите се од 150 до 210 евра.

Можеби ќе ве интересира: