Музика на кирилица

Македонската телевизија ја снима својата новогодишна празнична програма

Како што дознава музичкиот портал Музика24, вечерва во Македонската телевизија се снима новогодишната и празнична програма која што ќе се емитува за време на новогодишната ноќ (31-ви декември), како и дополнително репризирање на истата.

Во новогодишната на МТВ учествуваат најголемите музички имиња од македонската фолк сцена што е за поздравување и едно големо БРАВО, а тука ќе ги споменеме: Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски, Благоја Груевски, Мишко Крстевски, Виолета Томовска, Марјан Коцев, Росана Сариќ Тодоровска, Душко Ѓеоргиевски, Нино Величковски, Сузана Спасовска… и уште голем број на познати музички имиња од македонската музичка сцена кои заслужуваат да бидат видени на македонскиот национален сервис, односно, Македонсктаа телевизија.

Воопшто не се сомневаме во крајниот продукт знаејќи дека зад целата продукција и реализација стојат професионални лица кои си ја знаат својата работа и се дел од МТВ.

Можеби ќе ве интересира: