Верувале или не, македонската фризерка Светлана Гроздановска од остатоци од коса направи портрет од светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ. За нејзиното ремек дело, која таа го објави на социјалните мрежи, доби пофални зборови од многу пријатели, како и почитувачи на тенисерот Ѓоковиќ.
Таа објавувајќи ја фотографијата доби интересен коментар:
“Ова е нешто кое и самиот Ѓоковиќ треба да го види”, напиша една од нејзините обожавателки. Додека многумина ги тетовираат ликовите на познати музичари, спортисти и јавни личности, нашата македонска фризерка се прослави со портретот која што сама го направи од остатоци од коса, дело за кое што сеуште незнаеме колку време било потребно истото да се заврши.
https://www.instagram.com/p/BqAwDU7n2md/
