Во Паркот на Франкофонијата, овој четврток (20 декември) со почеток во 19 часот ќе се одржи мултимедијален авторски настан на композиторката Ана Пандевска, под наслов “Зимски пејзаж”. На програмата ќе се најдат три композиции од опусот електроакустична музика на Пандевска, а во изведба на пијанистката Дуња Иванова.
Во зимски амбиент и покрај ниските температури, концертот ќе биде изведен на акустично пијано поставено на отворен простор како можност за испраќање на порака за слободата и достапноста на музичката уметност. Ана Пандевска во рамките на овој проект, за прв пат се претставува и со самостојна изложба во Монтажната галерија. Нејзините слики ќе бидат изложени во вид на висечки инсталации, а истите се изработени на платно и гипс картон во различни ликовни техники.
