Магазин

Манифестација „Слоу Фуд“ во Прилеп (Фото)

По повод новогодишните и божиќни празници во Прилеп годинава по втор пат се одржа манифестацијата „Слоу Фуд“. Претседателката на „Слоу Фуд“ Прилеп, Тодорка Наумоска-Димеска вели дека годинава има повеќе домашни производители изложувачи и дека има мала разлика во цените

„Бенефитот е тој што малите локални производители можат да се промовираат дома. Производителите најчесто се од Прилеп и од околните градови Кавадарци, Неготино. Разлика во цените има и тоа минимална, но тоа е очекувано бидејќи, овие производи се направени со повеќе љубов и труд“-вели Димеска.

Гоце Бумбароски член на „Слоу Фуд“ Прилеп, вели дека интересот кај населението за овој базар е се поголем и се надева дека истиот ќе премине во традиција и ги покануваат сите кои сакаат да го посетат бидејќи, како што вели Бумбароски производите наголемо се трошат.

„Со оглед на тоа што ова е втора година и гледаме дека интересот е се’ поголем, останува да им кажеме на нашите сограѓани дека остануваме на тоа да биде се позачестен и не само предновогодишен базар, туку и во другите делови на годината да организираме еден ваков базар. Ги покануваме сите кои сакаат да го посетат овој базар бидејќи, производите како што гледаме веќе наголемо се трошат и трговците ги продаваат своите производи“, вели Бумбароски.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески рече дека традиционалниот новогодишен базар денес започнува и на граѓаните им ја честита Новата 2025 година и им посака среќа, здравје и успех во животот.

„Со големо задоволство и чест започнува традиционалниот новогодишен базар во Прилеп. Традиционално нашите производители ги изложуваат своите производи, а има и интересни работи кои можат да послужат како новогодишен подарок. Програмата е збогатена со многу музика, забава, детско катче, а имаме и дедо мраз и за секоја генерација има интресни моменти. Прилеп од денеска до понеделник ќе ја збогати новогодишната и предновогдишната програма. Изложувањето на домашните и соседни производители уште еднаш покажа дека Прилеп има со што да се пофали“, вели Јовчески.

На манифестација која годинава се одржува на платото кај прилепската саат кула има околу 30 производители кој ги имааат изложено своите производи, а меѓу нив е и Мартин Митрашкоски од селото Вранештица, Кичевско кој долги години се занимава со грнчарство. Митрашкоски вели дека четири генерации се занимавале со грнчарството и дека тешко младите го наследуваат грнчарството, бидејќи како што вели Митрашкоски занаетот е тежок и дека младите скоро и да немаат интерес за истиот.

„Четири генерации се занимаваме со грнчарството. Земјените грнчарски производи се доста барани особено по рестораните, и некој од помладите генерации нема да го наследи грнчарството како занает затоа што истиот е доста тежок, а младите немаат интерес. Саемите ги посетуваме редовно, а годинава е втор новогодишен базар во Прилеп каде дружењето е прекрасно“, вели Митрашкоски.

На новогодишниот базар во Прилеп можат да се најдат производи како од мед и пчелни производи па се до накит и греано вино. Бaзарот во Прилеп започна денеска напладне, а истиот ќе трае до попладневните часови во понеделник.

За Музика24 од Прилеп: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: