Премиера

„Усни“ – Емоција сплотена со инспирација и пријателство (Видео)

На католички Божиќ, 25 декември 2024 година, Драги Иванов ја заокружува годината со својата четврта и последна песна за 2024 – „Усни“. Но, ова не е обична песна. Таа е комбинација на инспирација, другарство и една добро изедена чоколадка на падините на Водно.

Песната, напишана, изведена и продуцирана од Драги, доби уникатно видео благодарение на тимот од соработници и пријатели. Ѓорги Вацев, мајсторот за камера, колор и графички дизајн, се погрижи сè да изгледа беспрекорно. Но, за да го искачи Водно со велосипед и да го сними Драги, мораше прво да си го „наполни резервоарот“ со сникерс.

На помош пристигна и Ведран Андонов, долгогодишен пријател на Драги, кој во последен момент се согласи да вози покрај него за снимањето да биде успешно. „Потребни се пријатели за вакви подвизи,“ сподели Драги во својата објава на Instagram:

„Ѓорги, фала ти што најде време да ми помогнеш со снимањето и што издржа до крај! Ведран, мило ми е што конечно те вклучив во мојата музика. Ова нема да биде последен пат!“.

„Усни“ е повеќе од уште една песна – таа е доказ дека со добра музика, малку сникерс и вистински пријатели, сè е можно!

Можеби ќе ве интересира: