Во Прилеп денеска се одржа првиот настан посветен на младинското претприемништво и бизнис-пичинг, на кој ученици од прилепските средни училишта ги претставија своите бизнис идеи.
Младите имаа можност своите идеи да ги споделат со претставници од бизнис-заедницата, професори, ментори, искусни претприемачи и претседателот на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески, при што добија совети, поддршка и можност за воспоставување нови контакти.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, кој истакна дека ваквите иницијативи се значајни за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во Прилеп.
„Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп. Нивните идеи можат да бидат почеток на успешни бизниси, нови работни места и нов развој за нашиот град“, порача градоначалникот.
Настанот е реализиран со поддршка на Стопанската комора, Регионалната стопанска комора-Прилеп, локалната бизнис-заедница, професори и ментори, како и здружението GenVibe.
За Музика 24 од Прилеп известува: Христијан Ангелески


