Новата сезона на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ носи неколку промени во правилата, особено во начинот на кој натпреварувачите продолжуваат понатаму и го избираат својот ментор.
Во актуелната сезона квалификацискиот дел ќе има осум емисии, во кои ќе настапат поголем број кандидати од повеќе држави. Од продукцијата велат дека целта е натпреварувачите да добијат поголема можност за присутност во емисиите.
„Избравме одлични кандидати, го обиколивме целиот Балкан. Во првиот круг има само осум емисии и тоа е направено за кандидатите да добијат поголема шанса и поголема присутност во емисиите“-изјави директорот на „Гранд“, Горан Шљивиќ.
Менторската работа и понатаму останува важен дел од натпреварувањето, но изборот на ментор ќе зависи од бројот на освоени гласови.
„Што се однесува до самата емисија, и понатаму ќе имаме менторска работа. Членовите на жирито ќе ги избираат кандидатите или, во одредени ситуации, кандидатите ќе избираат со кого ќе работат. Со пет, шест, седум и осум гласа директно се пласираат во следниот круг. Оние кои ќе имаат нула гласа и паник-тастери ќе мора да го напуштат натпреварувањето, додека оние со еден, два, три или четири гласа одат во бараж“-рече водителот Воја Неделковиќ.
Дополнително, директорот на „Гранд“ ги појасни правилата за избор на ментор. Кандидатите кои ќе освојат пет или шест гласа нема да можат сами да го изберат својот ментор.
„Пет, шест, седум и осум гласа значат пласман во вториот круг, а осмиот глас е глас на продукцијата, кој можеме да го дадеме, но и не мораме. Кога некој има пет или шест гласа, менторот на кандидатот го одредува продукцијата. Кога некој има седум или осум гласа, има право да избере ментор, но жирито може да гласа, да не гласа, но и да притисне паник-тастер“- објаснува Шљивиќ.
Така, кандидатите со седум или осум гласа добиваат можност сами да изберат со кој член од жирито сакаат да работат, додека кај оние со пет или шест гласа конечниот избор го прави продукцијата.
Новина во оваа сезона е и дополнителната можност што ја имаат членовите на жирито. Тие можат да гласаат, да не гласаат, но и да притиснат паник-тастер. Дополнително, менторите ќе можат да се повлечат доколку не сакаат да работат со одреден кандидат.
„Ако видат дека кандидатот е одличен, но не се гледаат себеси во работата со него, можат да се повлечат од трката за ментор. Во тој случај, кандидатот исто така не може да избира ментор, туку му го одредува продукцијата“-вели Шљивиќ.
Правилото за пласман е јасно: кандидатите со пет, шест, седум или осум гласа продолжуваат директно во вториот круг. Оние со еден до четири гласа одат во бараж, додека кандидатите без гласови, односно оние кај кои ќе бидат активирани паник-тастери, го завршуваат натпреварувањето.
Со новите правила, изборот на ментор станува дополнително важен дел од натпреварувањето, а кандидатите кои ќе обезбедат седум или осум гласа ќе имаат поголема слобода сами да одлучат со кого сакаат да продолжат во борбата за место во следните фази.
Новите правила се применуваат во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Фото:Grand Online
Прилогот го подготви: Христијан Ангелески
