Тимот за ментално здравје „Синергија“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп организира настан посветен на поддршката, разбирањето и грижата за менталното здравје, по повод Светскиот ден на менталното здравје.
Настанот има за цел да поттикне отворен разговор за менталното здравје, да се подигне свеста за неговото значење, но и да се испрати порака дека грижата за себе и за другите е важен дел од секојдневниот живот.
Преку ваквите активности, тимот „Синергија“ настојува да создаде простор во кој младите ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства, предизвици и потреби, како и да добијат поддршка и разбирање.
Од тимот ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од настанот кој ќе се одржи на 07.10.2026 година (среда) од 11:00 до 13:00 часот во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп и заеднички да придонесат кон создавање средина во која менталното здравје ќе биде тема за која се зборува отворено, без предрасуди и со меѓусебна поддршка.
За Музика 24 од Прилеп известува: Христијан Ангелески
