Продолжението на трилогијата “Матрикс” доаѓа една година порано од првичните најави. Засега едноставно насловен “The Matrix 4”. Од “Ворнер брос” известуваат дека неговата премиера е закажана за 21 мај 2021.
Режисерка ќе биде Лана Вашовски, еден од коавторите на оригиналната трилогија, а во своите улоги се враќаат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос и Џејда Пинкет Смит. Дел од новиот кастинг се Нил Патрик Харис, Јахја Абдул-Матин и Џонатан Гроф. Кери-Ен Мос и Кијану Ривс се враќаат во своите улоги по 18 години.
“Матрикс” важи за еден од револуционерните научно-фантастични филмови, кој беше награден и со четири оскари, а во 2003-та година следеа уште два дела.
