Магазин

ОД УТРЕ СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА НА „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“: Музика, емоции и животни приказни што го освојуваат Балканот

Љубителите на добрата музика и искрените животни приказни од утре, недела (20 септември), конечно доаѓаат на свое. Ширум Балканот започнува новата сезона на едно од најомилените и најгледаните музички шоуа во регионот – „Никогаш не е доцна“.

Гледачите во Македонија новите епизоди ќе можат да ги следат ексклузивно на програмата на Телевизија Сител, со почеток во 21:15 часот.

И оваа сезона ветува незаборавни вечери исполнети со врвни вокални изведби, емотивни исповеди и кандидати кои докажуваат дека за остварување на соништата нема возраст. Под водство на добро познатиот тим и жири-комисија составена од истакнати музички имиња и јавни личности од регионот, гледачите ги очекува уште едно незаборавно музичко патување.

Не пропуштајте да ги поддржите вашите фаворити – резервирајте ја утрешната неделна вечер во 21:15 часот на Сител ТВ!

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: