Магазин

Од вечерва започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Нов жири-состав и премиера на Сител во 21:15 часот

Љубителите на најпопуларното музичко шоу во регионот имаат причина за славење — од вечерва, во добро познатите телевизиски термини ширум Балканот, официјално започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа сезона носи значајни промени и освежување во жири-составот, со што се најавува уште повозбудлива и понапрегната борба за новите музички таленти. Најголемата новост е влезот на популарната пејачка Сања Вучиќ, која станува постојан член на жирито на местото на Ана Бекута. Покрај неа, судбината на кандидатите ќе ја кројат и добро познатите имиња: Снежана Ѓуришиќ, Дара Бубамара, Ѓорѓе Давид, Драган Којиќ – Кеба и Александар Милиќ – Мили.

Гледачите во Македонија ќе можат да ја следат првата епизода ексклузивно на програмата на Телевизија Сител, со почеток во 21:15 часот.

Инаку, гледачите ширум балканот ќе имаат можност повторно на сцената да го видат минатогодишниот победник Бојан Илиевски, но во која улога останува да видиме.

Спремете се за многу забава, одлична музика, неочекувани пресврти и жестоки дебати помеѓу членовите на жирито уште од самиот старт!

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: