Магазин

Погледнете: Која македонска пејачка доби одличен портрет (Фото)

Пред неполна година пишувавме за младиот Александар Поповски кој што инспирацијата за своите портрети, освен од секојдневниото, ја наоѓа и во дел од нашите музички имиња. Колку да Ве потцетиме, тој зад себе има неколку изложби каде што освен останатите, има портрети од нашата најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Неговите портерти тој досега ги има изложено во: Домот на културата – Битола, Дом на АРМ – Скопје и Ликовниот салон – Велес, а како што самиот тој изјави за Музика24, наскоро повторно ќе има изложба во градот Битола. Нешто најново од него, а изминатиот период беше премногу актуелно, е неговиот најнов портрет инспириран и посветен на нашата популарна поп пејачка Каролина Гочева.

Во продолжение, погледнете го делото на Александар и бидете искрени, дали Ви се допаѓа?

Karolina_portretПодготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: