Covers

24 Covers: Алекса Перовиќ – “Ружа” (MC Yankoo ft. In Vivo)

Минатогодишниот летен хит “Ружа” на MC Yankoo и In Vivo доби ковер верзија. Младиот, секогаш насмеан и сладок Алекса Перовиќ, кој за жал неодамна го напушти регионалното тв шоу “X Factor”, сними ковер за оваа песна. Иако оргиналната песна е денс и во брз ритам, тоа воопшто не му пречеше на Алекса оваа песна да ја преточи во балада која ќе се слуша и веруваме ќе биде вистински хит.

Таа  е една од најсподелуваните песни на социјалните мрежи изминативе денови. Видеото за оваа песна го сними и реализираше белградското студио “Снежуљак”. Ексклузивно и први, како впрочем и секогаш, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 Ви го претставува коверот за песната “Ружа” во изведба на Алекса Перовиќ.

А во оваа прилика, Ви најавуваме и ексклузивно интервју со младиот Перовиќ, а дотогаш… Уживајте во коверот!

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: