За повеќето луѓе музиката е важен дел од секојдневниот живот. Некои од нас слушаат музика додека патуваат кон своето работно место, а други додека вежбаат. Многу од нас ја имаат вклучено својата омилена музика додека готват, диплат облека или се тушираат. Музиката е често поврзана со расположението. Одредена песна може да направи да се чувствувате среќно, тажно, енергично или релаксирано. Бидејќи музиката има толку значаен ефект на човечката благосостојба, воопшто не е зачудувачки фактот што бројни истражувања се спроведени за да го утврдат дејството на музиката врз нашето здравје, кога имаме специфичен здравствен проблем.
Секој вид на музика може да биде лековита иако музиката од сопствената култура веројатно има најпозитивен ефект. Типовите на музика се разликуваат во однос на неуролошката стимулација што ја поттикнуваат. На пример класичната музика предивикува комфорт и релаксираност додека рокот може да доведе до дискомфорт. Музиката има способност да ја зголеми нашата толерантност на болка.
Според истражувањата на “Природен Стандард”, постојат цврсти научни докази дека музиката може да го подобри расположението и да го намали стресот и раздразливоста. Во продолжение ќе наведеме уште 5 здравствени состојби кои се тесно поврзани со музиката.
Аутизам
Аутизмот е болест поврзана со широк спектар од развојни проблеми особено поврзани со комуникацијата и социјалната интеракција. Според американската психијатриска асоцијација, аутизмот спаѓа во спектрумот на аутистични нарушувања, а за оваа група нарушувања карактеристични се потешкотиите во комуникацијата, социјалната интеракција и необични повторувачки однесувања. Некои експерти за овој тип на нарушувања го користат и терминот продорни развојни нарушувања. Освен аутизмот, аспергеровиот синдром, детското дезинтегративно нарушување, продорното развојно нарушување не поинаку означено, и пет синдромот спаѓаат под аутистичниот спектрум.
Луѓето кои ги поседуваат овие нарушувања и синдроми имаат зголемена заинтересираност за музика и реагираат значително на неа. Овој факт може да помогне во учењето на вербалните и невербалните комуникациски вештини и во остварувањето нормален развоен процес.
Деменција
Деменција се однесува на губењето на когнитивните функции (интелектуалниот процес кој што се однесува на разбирањето, перцепирањето и свесноста за сопствените мисли и идеи). Деменцијата може да настане како последица на болест или траума. Промените може да настанат постепено или набрзина. Когнитивните функции што можат да бидат загрозени од деменцијата вклучуваат донесување одлуки, судење, меморија, оргентација во просторот, мислење, резонирање и вербална комуникација. Деменцијата исто така може да резултира со промени во однесувањето и карактерот,во зависност од тоа кој дел од мозокот е зафатен.
Кај постарите пациенти со Алцхајмер, деменцијата и други ментални нарушувања музиката ја намалувала агресијата и вознемиреноста и го подобрувала расположението, а исто така и соработката во дневните обврски, како на пример капењето. Музичката терапија исто така може да ги намали ризиците од срцеви и мозочни заболувања кај постарите пациенти со деменција.
Депресија
Депресијата е болест која го инволвира телото, расположението и мислите. Депресијата се смета за нарушување во расположението. Депресијата го афектира начинот на кој што личноста се доживува себеси, начинот на кој што ги доживува животните настани, начинот на исхрана и спиење. За разлика од нормалните емоционални искуства на тага, и губиток, депресијата трае подолго време и сериозно може да го наруши начинот на перцепција, размислување и физичкото здравје. Според Националниот Институт за Ментално Здравје депресивните нарушувања се застапени со 9.5% од американската популација над 18 години.
Постојат докази дека музичката терапија може да ја зголеми ефективноста на антидепресивите. Кај постарите пациенти домашната музикотерапија може да има долготрајни ефекти. Кај возрасните депресивни жени музикотерапијата може да го успори отчукувањето на срцето, дишењето, крвниот притисок и да го подобри расположението. Музичката терапија исто така може да донесе бенефиции во случаи на депресија при операции на промена на колено или хемодијализа.
Развој кај детето
Постојат докази дека доколку на фетусот во доцните фази на бременоста му се пушта музика, по раѓањето повеќе ќе биде способен да реагира на музиката. Смирувачката музика може да им помогне на новороденчињата да бидат по релаксирани и помалку вознемирени. Недоносените новороденчиња изложени на музикотерапија имаат зголемен апетит, порано се отпуштени од болницата, зголемена тежина, и зголемена толеранција на стимулации. Тие исто така може да имаат забавени срцеви отчукувања и подлабок сон после изложеноста на музикотерапија.
Квалитет на сонот
Инсомниата е потешкотија во заспивањето, спиењето и будење премногу рано наутро. Тоа е чест здравствен проблем кој што може да предизвика поспаност и недостаток на енергија. Долготрајната инсомиа може да направиa индивидуата да се чувствува уморно, тажно и иритирачки; да има проблеми со концентрација, учење, помнење, и да не биде способна да ги извршува своите задачи на работното место или во училиштето. Изразената инсомниа може да предизвика неурохемиски промени во мозокот кои пак може да резултираат со депресија и анксиозност, нарушувања во расположението што уште повеќе ќе ја искомплицираат инсомнијата.
Кај возрасните музиката може да допринесе за поквалитен и подолг сон, пократко време потребно да се заспие, помалку нарушувања во сонот. Постојат исто така докази за предностите од музикотерапијата во сонот на деца од школска возраст.
Предупредување:
Како што одредени видови на музика можат да предизвикаат релаксираност и мир, други видови можат да предизвикаат вознемиреност. Постојат докази дека музиката што се совпаѓа со вкусот на слушателот допринесува за најпозитивен ефект. Постои можноста дека доколку пациентот слуша музика на слушалици неговата подготвеност да соработува во разни медицински процедури ќе се намали. Исто така прегласната музика може штетно да влијае на органот за слушање. Музиката неможе да се користи како единствениот лек за потенцијално опасни медицински и психолошки нарушувања. Доколу некој не сака музика, нема потреба да се присилува на слушање музика бидејќи тоа само ќе доведе со стрес и вознемиреност.
Автор на текстот: Магдалена Чапаровска
Превземено од: БидиСвој.мк
