Премиера

Erix Fox и Симона Поповска со нов сингл (Аудио)

Спојот на електонска музика и вокал, “The sound messengers”, повторно изненадува со нешто ново, светско, различно, а сепак наше. Овој пат во сосема поинаков стил, дело на надалеку познатиот и легендарен Erik Fox, а во изведба на нашиот одличен вокал Симона Поповска. Со текст на Давид Димовски, а во соработка со “Јованов рекордс”, тие на публиката им подаруваат уште една нова песна, овој пат насловена “Running”.

Одличниот вокал Симона и мајсторот за електронска музика Erik Fox, како едно вистинско ново освежување, може лично да се доживеат низ клубовите и дискотеките низ Македонија. Тие, со полна пареа и огромна желба, наскоро ни најавуваат изработка на нов албум, со надеж и уште поголем мотив со истиот да успеат да се популаризираат и надвор од границите на нашата земја.

Во продолжение, Ви предлагаме да го преслушате нивниот најнов сингл.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: