Магазин

Прилеп со сценскиот спектакл „Силно светнал ден’’ ја одбележа 35 годишнината од независнста на Македонија (фото)

Прилепчани синоќа во голем број се собраа на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ да ја прослават 35 годишнината од Македонија со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ кој после Охрид, Битола, Велес и Струмица синоќа пристигна во Прилеп. Прилепчани задоволни од настапот, а за уметниците учеството на овој музичко-сценски спектакл претставува гордост и задоволство што можат да ја прослават независноста на Македонија со публика во целата држава.

„Мене ми е чест како  чистокрвен Mакедонец да настапам на ваква голема манифестација, која што одбележува 35 години од осамостојувањето на нашата држава Македонија. Јас сум голем патриот и така и сум воспитан. Убава енергија, убави по душа артисти сме собрани, зашто за некој настан многу е битна енергијата“, изјави Александар Тарабунов, естраден уметник и музичар.

„За мене е огромна чест и задоволство што сум дел од оваа манифестација. Навистина 35 години независност не се мала работа особено што се работи за нашата Македонија. Често пати критикуваме каде и како живееме но си ја сакаме, поради фактот што знаедно ја градиме веќе 35 години. За мене ова се едни од најубавите денови во мојата кариера зашто сум прво почастена од овие огромни уметници кои што се заедно со мене тука, а втора работа што ја славиме нашата држава и што сум помеѓу нашиот народ“, рече Бојана Скендеровски, пејачка.

„За мене е голема чест, голема среќа, задоволство и пред се одговорност да бидам домаќин на една ваква спектакуларна манифестација, посветена на 35 години независност на Република Македонија. Мислам дека направивме нешто сосема достојно, нешто што досега во седум-осум градови луѓето го поддржаа од се срце. Тие ги полнеа плоштадите, се забавуваа со нас, ги пееја најголемите хитови“, кажа Игор Џамбазов, естраден уметник и водител на настанот.

„Огромна чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација каде се прикажуваат сите години на македонската броба, на македонскиот „инает“ на некој начин и ми е огромна чест да настапувам да речам од таа една помодерна музичка историја на македонската сцена. Искрено каде и да одиме низ градовите од Македонија се чувствува онаа убава енергија и мило ми е што сум дел од еден ваков аудио-визуелен и сценски перформанс од сите наши македонски артисти“, рече Христијан Таскоски-Таско, музичар.

„35 години се навистина нешто значајно иако можеби звучат малку ние постоиме илјадници години како Македонија, но сепак тоа е официјално од создавањето на нашата независна држава. Овој настан вреди, а што се однесува до организацијата немам коментар навистина е прекрасно и има по нешто за сечија публика и сечији вкус“, изјави Спасен Сиљановски, естраден уметник и пејач.

Имено, синоќа на сцената од „Силно светнал ден’’ се слушнаа познати македонски хитови како што се „Бисер балкански“, „Вети, вети ми“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов’’ и низа други македонски тардиционални рефрени со патриотски мотиви. Музичко сценскиот настан како и во останатите градови каде што се беше одржал, така и во Прилеп беше навистина прекрасно профатен од публиката со оглед на тоа што Прилеп важи за еден од најпатриотските македонски градови.

Синоќа прилепската и пошироката публика на плоштадот „Методија Андонов-Ченто’’ каде што и всушност се одржуваше „Силно светнал ден’’ имаше можност да ги види и слушно настапите на: Игор Џамбазов, Драгана Левенска, Влатко Лозаносвски-Лозано, Тони Зен, Дупер, Бојана Скендеровски, Вера Милошевска, Сара Мејс, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Спасен Сиљановски, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Дорис Димовска, Игор и Ана Дурловски, Ана Петановска, Димитар Андоновски, Дарко Грозадновски, Христијан Тасковски-Таско, Лина Пејовска, Андријана Петрушевска, Марија Спасовска и Мина Блажев.

Инаку, публиката и изведувачите беа навистина задоволни од целиот музичко-сценски спектакл во Прилеп иако, на неговото прво одржување во Охрид наместо традиционалното македонско знаме со осум краци на лед екраните се појави македонско знаме со дванаесет краци кое повеќе од 10 дена беше тема на препукувања помеѓу политичките партии и граѓаните кои беа со поделени миселња околу оваа тема.

Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: