Синоќа во централното градско подрачје, на плоштадот „Арт“ во Прилеп се одржа традиционалноиот фестивал на повеќе видови мотори, мото фестивалот „Рисови“.
Од изложба на мототри, преку добра музика и забава до мото спектакл Прилеп синоќа живееше во духот на мото фестивалот „Рисови’’ за 2026 година.
Музички настапи на фестивалот имаа ДЈ Биџо, српската музичка група „Hound Dogs“ и „Бело копче’’ со препев на познатите песни на „Бјело дугме“.
Имено, мото фестивалот „Рисови“ 2026 во Прилеп беше поддржан од повеќе компании, а на истиот ученици од сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко’’ на посетителите им делеа флаери со сообраќајни совети кои ќе им послижат за нивната безбедност и здравје во сообраќајот.

Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески



