Магазин

Прилепчани заедно ќе ја прослават Василица со настан „На Василица во Прилеп“

По повод православната Нова година – Василица во Прилеп по трет пат ќе се одржи настанот под мотото „На Василица во Прилеп“. Настанот како и изминативе години така и оваа ќе се одржи на платото под прилепската градска саат кула и истиот е со почеток во 12 часот напладне.

Од Општина Прилеп кои се организатори на настанот велат дека за секој посетител ќе има парче бурек, а во едно од парчињата ќе има и паричка. За среќниот пронаоѓач на паричката ќе има пригоден подарок од организаторите. Имено, од општината додаваат дека со задоволство ги покануваат прилепчани на традиционалниот настан „На Василица во Прилеп“ .

„Со големо задоволство ве покануваме на традиционалниот настан „На Василица во Прилеп“, кој ќе се одржи на 14-ти јануари 2025 година, со почеток во 12 часот на Платото кај Градскиот саат. Дојдете заедно да го одбележиме доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар. За секој посетител ќе има парче бурек, а една среќна паричка ќе го најде својот сопственик“, велат од Општина Прилеп.

За Музика24 од Прилеп: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: