Магазин

Се снима српска верзија на хумористичниот ситком „Сите го сакаат Рејмонд“

Како што пренесуваат српските медиуми, еден од најуспешните американски ситкоми на сите времиња „Сите го сакаат Рејмонд“ ќе добие српска верзија. Таа има работен наслов „Сите го сакаат Андрија“, а во насловната улога ќе биде Андрија Милошевиќ.

„Задоволство е да се работи со вака одличен текст и врвни колеги. Се разбира, ова ќе биде наша верзија“, изјави Милошевиќ.

Режисери на серијата се Огњен Јанковиќ од хип-хоп групата „Београдски синдикат“ и Предраг Личина, автор на филмот „Последниот Србин во Хрватска“. Снимањето, што ќе трае четири месеци, ќе се одвива во специјално направена куќа, а премиерата е планирана догодина.

„Сите го сакаат Рејмонд“ имаше девет сезони од 1996 до 2005 година и освои 15 Еми награди.

Можеби ќе ве интересира: