World Music

Снуп Дог потврди дека ќе се снима филм за него

Како што пишуваат светските медиуми, Снуп Дог ќе добие биографски филм. Студиото „Јуниверзал“ потврди дека развива филм за животот на славниот рапер, а сценариото ќе го пишува Џо Роберт Кол, кој работеше на двата дела на „Блек Пантер“.

„Долго време сакав да го направам овој проект и ги барав вистинскиот режисер, совршениот сценарист и најголемото филмско студио, кои ќе го разберат наследството што сакам да го прикажам на филмското платно и го оставам зад себе“, изјави 51-годишниот Снуп Дог, кој продаде 35 милиони албуми во тридецениската кариера.

„Јуниверзал“ има искуство на ова поле зашто веќе ги екранизираше приказните за рап групата „N.W.A.“ („Директно од Комптон“) и за Еминем (Осум милји“).

Можеби ќе ве интересира: