Бизнис Инсајдер објави листа на 26 европски градови во кои може да се живее со помалку од 600 фунти, односно, 690 евра месечно. Најевтините градови за живот се во Романија (седум), потоа следува Украина (пет), Русија (три), Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина (сите по два), и Македонија, Албанија, Косово и Белорусија (само по еден).
Листата е составена врз основа на економската ситуација, културата и можностите за вработување. Од Бизнис Инсајдер назначуваат дека цените не се секаде исти, односно варираат од регион во регион. Месечните трошоци од 690 евра се една третина од трошоците на жителите на Лондон и половина од трошоците за живеење на луѓето во Манчестер, Глазгов и Ливерпул.
Листата на градови во кои може да се живее со пристојно со месечни примања од 690 евра изгледа вака:
- Днепар, Украина – 450 евра
- Л’вив, Украина – 465 евра
- Харков, Украина – 469 евра
- Приштина, Косово – 502 евра
- Крајова, Романија – 530 евра
- Ниш, Србија – 542 евра
- Одеса, Украина – 557 евра
- Кишињев, Молдавија – 560 евра
- Киев, Украина – 565 евра
- Арад, Романија – 583 евра
- Велики Варадин, Романија – 594 евра
- Нови Сад, Србија – 600 евра
- Брашов, Романија – 610 евра
- Скопје, Македонија – 614 евра
- Сибињ, Романија – 617 евра
- Пловдид, Бугарија – 620 евра
- Минск, Белорусија – 622 евра
- Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра
- Тирана, Албанија – 636 евра
- Јаши, Романија – 652 евра
- Нижњи Новгород, Русија – 660 евра
- Темишвар, Романија – 664 евра
- Варна, Бугарија – 664 евра
- Новосибирск, Русија – 670 евра
- Казањ, Русија – 672 евра
- Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра
