Вчера на Три круши во селото Драчево започна “Културно лето” во организација на Општина Кисела Вода. Како што не информираат од Општината, до 31-ви август жителите на овој дел од Град Скопје ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на популарни изведувачи меѓу кои ќе ги споменеме: Сузана Спасовска, Дани Димитровска, Ефто Пупиновски, КУД “Китка”, Анастасија Петреска, група “Биоритам”, Миле Кузмановски, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески… и многу други.
Сите настани почнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Освен на Три Круши, музички случувања ќе има и во паркот “Шопен”, како и во паркот “Македонија”.

