Музика на кирилица

Познатиот македонски идол Виктор Апостоловски дипломираше

Иако не победи на првиот и засега единствен “Македонски идол”, познатиот пејач и продуцент Виктор Апостоловски по четири години студирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 28-ми фебруари го даде својот дипломски испит со кој го финишираше неговото високо образование. Тој во таа прилика, пресреќен изјави:

“Ова е момент кој одамна го чекав. Оние што гледаа идол, знаат за она што им го ветив на моите пред да се запишам средно музичко и многу ми е мило што конечно го исполнив тоа ветување! Пресреќен сум! Завршив на Факултетот за музичка уметност во Скопје на време, со просек 9.3 и покрај еден семестар отсуство поради “Македонскиот Идол”. Сега конечно можам да се опуштам и да се посветам на мојата кариера како пејач и продуцент. Поради диплмомскиот испит морав да ја одложам и промоцијата на албумот, како и да е, ќе се потрудам истата да се случи до крајот на месецот”, изјави Виктор.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: