Магазин

Традиција, емоција и музика: Новогодишна магија на Балкан Мјузик ТВ (Видео)

И оваа година, традиционално и во свој препознатлив стил, единствената македонска музичка телевизија – Балкан Мјузик ТВ, реализираше спектакуларна и оригинална новогодишна програма, во која учествуваат повеќе од 70 познати македонски музички имиња – уметници кои секојдневно се присутни на нашата сцена и во срцата на публиката.

Новогодишната атмосфера започнува и се загрева со македонската народна песна – темелот на нашата музичка традиција и емоционален код што ги поврзува генерациите. Преку безвременските хитови, кои со децении се пренесуваат од колено на колено, се раскажува приказната за еден народ, неговата радост, болка, љубов и надеж.

Во празничната програма учествуваат најпознатите естрадни гласови, кои со своите интерпретации внесуваат топлина, свеченост и вистински новогодишен дух. Балкан Мјузик ТВ уште еднаш потврдува дека е чувар на македонската музичка вредност, но и медиум кој знае како современо да ја претстави традицијата.

Со чаша во рака ја испраќаме старата година, ја пречекуваме новата со насмевка и надеж, и испраќаме искрени желби за мир, здравје и љубов во секој дом.

И не заборавајте – Новата година ќе биде посреќна и повесела со програмата на Балкан Мјузик телевизија, која започнува точно во 20:30 часот.

Среќна Нова година!

Можеби ќе ве интересира: