Магазин

Верувале или не, Амстердам воведува кампања за бркање на одреден вид на туристи

Властите во Холандија одлучиле да воведат нова кампања за бркање одреден вид туристи во Амстердам. Холандија има повеќе либерални закони поврзани со консумација на дрога, алкохол и сексуални услуги, што создаде одредена репутација на градот.

Според локалните медиуми, туристите ги искористуваат овие закони и создаваат проблеми во градот.

“Потребни се мерки за да се спречат непријатностите и пренатрупаноста. Амстердам е светски град и метежот и живоста доаѓаат заедно со тоа, но за градот да остане погоден за живот, мора да поставиме граници наместо неодговорен раст”, изјавил заменик-градоначалникот на градот, Софијан Мбарки.

Се проценува дека над 20 милиони странски туристи го посетуваат Амстердам секоја година. Со новата кампања, властите сакаат да го намалат бројот на туристи следната година со тоа што ќе се обесхрабруваат посети на туристи за канабис, ергенски и момински забави и туристи за сексуални услуги.

Претходно годинава беше објавено дека градот планира да ги затвори кафулињата што нудат производи од канабис за да ја задржи контролата над пазарот на лесни дроги. Според истражување, само 66 од вкупно 166 лиценцирани кафулиња од овој вид во Амстердам се доволни за да ги задоволат потребите на локалните жители.

Можеби ќе ве интересира: