Продолжуваме со предлог филмови и серии се со цел изолацијата или т.н. карантин да ви помине што позабавно, поинтересно, на моменти напнато, но сепак времето ќе ви летне и одлично ќе се дружите со останатите членови од семејството.
Наш предлог филм кој ќе ви го задржи вниманието е вистинската приказна “All the money in the world”. Овој игран филм има одлична тематика базиран на вистински настан од минатото. Филмот е снимен во Италија. Истиот можете да го најдете на Нетфликс или пак да легалните страници за гледање на филмови со или без превод.
Накратко: Приказната во филмот е за киднапирањето на 16 годишниот John Paul Getty III и целото патешествие на неговата мајка да го убеди дедото милијардер Jean Paul Getty (најбогат во светот во тоа време) за да го плати сумата која ја бараат киднаперите.
Супер интересна приказна која ќе ви скрати два саати од карантинот.
