Овој Велигден во Германија се разликува од другите. Не само што граѓаните поради корона-пандемијата се дома, туку и велигденските слатки се во стилот на актуелниот начин на живеење.
Според истражувањата, оваа година граѓаните за Велигден нема да потрошат толку пари како вообичаено, и тоа штедат пред се на чоколадни зајаци и јајца, но и на велигденски декорации. Дека се стега ременот покажаа веќе изминатите недели. Меѓународниот сојуз на трговци со слатки Sweets Global Network до пред само неколку дена јавуваше дека продажбата на слатки велигденски производи не оди добро, а велигденската сезона е период кој е еден од столбовите на браншата на производители и трговци со слатки.
