Пред неколку дена, три големи мобилни оператори во Кина одржаа онлајн прес-конференција, за заеднички да ја објават функцијата “5G пораки”. Според веб-страницата “Гизчин”, 5G пораките ќе бидат надградба на постојните СМС-пораки. За “обичните” корисници, 5G пораки значи кревање на ограничувањето на должината на пораката, како што во моментов се случува со СМС-пораката.
Исто така, ќе бидат поддржани голем број на различни формати, вклучително и текст, слики, аудио, видео, емотикони и контакти. Ќе бидат поддржани и онлајн и офлајн пораките. Се уште не се знае многу, но сигурно е дека 5G пораките ќе ја револуционизираат комуникацијата помеѓу луѓето и компјутерите.
