Сите ние на овој или оној начин сакаме што побргу да се вратиме во нормалниот живот и да продолжиме онаму каде што застанавме. Сега за сега поради коронавирусот сме во изолација, онаму каде што и треба да бидеме. И нашиот познат македонски шоумен Игор Џамбазов се изолираше од Скопје и сета таа гужва која за жал сеуште ја има.
Тој сите нас не поздравува од дојранското село Сретеново каде ги поминува овие денови и со песна, како и секогаш, ја брка короната од сите нас, како и од Македонија. Која е неговата видео порака искажана преку песна, слушнете ја во продолжение:
https://www.instagram.com/p/B-3zv1qHNUW/
