Фолк пејачката Елена Велевска не застанува кога се настапите во прашање. Само две недели по породувањето Велевска се врати на сцената и никако да запре. Повеќето од незините колешки се уште немаат договорено каде за Нова година, а Елена е букирана до март месец.
Струмичани ќе имаат задоволство со нејзе да ја дочекаат Новата 2014-та година и не се сомневаме дека за сите кои ќе присуствуваат ќе биде ноќ за паметење. Забавата е закажана во дискотеката “Селект”, а за сите оние кои нема да можат да резервираат на време ќе може да присуствуваат на репризата на 1-ви јануари. Настапите не запираат тука. Стара-нова година е резервирана за ресторан “Ранч”. Доколу бидете дел од забавата може да ни пренесете како сте си поминале.
Подготви: Редакција Музика24
